Путин, од 31 декември 1999 година е неприкосновен лидер на Русија, отслужувајќи три претседателски и еден премиерски мандат, моментално со нов претседателски мандат

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 10:41

На Путин денеска му е роденден, еве како ќе го прослави

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 66 години. Како што соопштија од Кремљ, претседателот роденденот ќе го прослави со најблиските, роднини и блиски пријатели.

Кремљ потсети дека рускиот претседател, по правило, секогаш родендонот го прославува со семејството, иако понекогаш има исклучоци.

Минатата година, на пример, имал планирано цела низа телефонски разговори, како и консултации со членовите на Советот за безбедност на Русија.
 
Во 2016 година, Путин го прослави својот роденден учествувајќи во Ноќната хокеј лига, а во 2014 година отпатувал за Сибир.

Путин, според неговите зборови, само еднаш го прославил роденденот со свој колега од странство, а тоа бил кинескиот претседател, Кси Џинпинг.
Неговиот роденден тогаш бил прославен скромно, со чаша вотка и мезе.

*Путин на функцијата в.д. претседател стапил на 31 декември 1999 година кога претседателот Борис Јелцин во Новогодишното обраќање до нацијата соопшти дека се повлекува од политиката.

Следната 2000 година Путин е избран за претседател на Руската Федерација (53 отсто од гласовите).

Во 2004 година повторно е реизбран за претседател (71 отсто од гласовите) додека од 2008 до 2012 година бил премиер, затоа што Уставот на Руската Федерација не дозволува повеќе од два последователни претседателски мандати.

По завршувањето на премиерскиот мандат, во 2012 година Путин се кандидира и го добива својот трет претседателски мандат (64 отсто од гласовите) а додека во 2018 година го добива и својот четврти претседателски мандат (76 отсто од гласовите) со што ќе “владее” со Руската Федерација до крајот на својот шестгодишен мандат, до 2024 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.