Актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, владина институција на ранг на министерство, Дарко Каески, кандидат за претседател на СДММ

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 15:13

На СДММ е и младината и иднината?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дарко Каевски (29), директор на Агенцијата за млади и спорт, според партиски извори, е најсериозен кандидат за нов претседател на СДММ младинската организација на владејачката партија. 

Каевски, според информациите, засега е единствен кандидат.

Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател  почна во објектот на МКЦ, а очекувањата се дека ќе финишира со избор на наследник на Стефан Богоев. 

Актуелниот градоначалник на Карпош и поранешен пратеник, во изминатите години, беше претседател на СДММ.

Планирано е изборниот дел од конвенцијата да заврши во 15 часот, кога пред делегатите и другите присутни ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и  новиот претседател на СДММ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика