Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката!

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2022 11:10

На Токсикологија примени 17 пациенти, од кои 7 малолетници

Фото/Текст извор: ©магазин

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија- Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје.

Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица.

По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката.

Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести