Македонија со една извонредна игра на домашен терен го победи Лихтенштајн со 2:0 Избраниците на селекторот Игор Ангеловски до крајот имаа играч повеќе на теренот, а иницијативата ја круниса со погодок Илија Несторовски во втората минута од судиското надополнување.

Објавил: admin@magazin | 17 ноември, 2018 10:24

На трибините ечеше „ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ„ Македонија победи со 2:0

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската фудбалска репрезентација го совлада Лихтенштајн со 2:0 вечерва на гостувањето во Вадуц и направи голем исчекор кон освојување на првото место во четвртата група од Д-лигата во Лигата на нации. За такво нешто на „црвено-жолтите“ ќе им биде доволен само бод во последното коло.

Иако, Македонија важеше за апсолутен фаворит на вечерашниот дуел, сепак до трите бода дојде потешко од очекувањата.

Стрелец на првиот гол беше Енис Барди во 53. минута кој со удар од слободен удар успеа да го сруши „бункерот“ на домаќинот. На голот му претходеше груб старт на  над Пандев, па по вториот жолт картон доби црвен и беше исклучен.

Македонија со една извонредна игра на домашен терен го победи Лихтенштајн со 2:0

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски до крајот имаа играч повеќе на теренот, а иницијативата ја круниса со погодок Илија Несторовски во втората минута од судиското надополнување.

На другиот натпревар од 5.коло во оваа група, Ерменија триумфира во Гибралтар со 6:2.

Табела: Македонија 12 бода, Ерменија 9, Гибралтар 6, Лихтенштајн 3.

Македонија во последното (6.коло) на 19.ноември во Скопје е домаќин на Гибралтар на дуел каде и со бод ќе го потврди првото место и пласманот во Ц-лигата, како и учеството плеј-оф за пласман на Европското првенство. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...