Адеми и Димитров, треба да им одговорат и на нашите сограѓани кои живеат во Катар но и на македонската јавност на кој начин е биран етничкиот чист уметнички состав

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 8:53

На фестивал во Катар, Македонија претставена само со албански танци и ора

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На третиот по ред “Фестивал на различностите” кој се одржува во Доха од 18 октомври 2018 до 9 март 2019 година, месец ноември бил резервиран за културно уметнички друштва од Гана и Македонија.

Но, нашата држава била претставена само од албански културно уметнички друштва и албански танци, објавуваат нашинци кои живеат и работат во главниот град на Катар.

Иако поканета под името Македонија, нашата држава била претставена само од албански културно уметнички друштва.

Според она што го дознаваме од нашинците таму, на настанот не биле присутни луѓе од македонската амбасада во Катар.

Останува непознато дали за настанот е информирано Министерството за култура на Република Македонија, како и Министерството за надворешни работи.

Покрај Македонија, на фестивалот свој настап имаат културно уметнички друштва од Индија, Оман, Гана, Мексико, Турција, Шпанија, Чешка, Иран, Казахстан, Сингапур, Бугарија, Мароко, Србија, Шри Ланка, Босна и Херцеговина и Русија.

Воедно селективниот пристап доби и соодветна реакција од наши сограѓани кои живеат во Катар со прашања до министрите за култура Адеми и надворешни работи, Димитров:

Jасно ми е дека треба да имаме соживот и јас сум една од најголемите поддржувачи на двојазичност, братство единство, љубов и хармонија и се по список. Но …

Не може да се преставува македонската култура, со албански фолклор. Разбирам да беше мешано, еве, ќе изиграме 2 македонски и 2 албански ора, да се види дека сме сложни браќа и сестри.

На ова претставување на македонски фолклор, на културен настан во Катар, имаше само албански играорци, албанска музика, албански носии со албански знамиња.. Немаше ни М од Македонија.

Извинете другари, ама ова не можам да го поддржам.

Да беше само фолклорно друштво од Македонија, ќе разберев. Ова не е ни претставување на македонска култура и македонски фолклор.

Нашата амбасада индиферентна, немаше никој на настанот, во гужва биле.

Изгледа Македонија многу е активна, не може да постигнат од настани за време на викенд.

Реално, не знам ни зошто постои македонска амбасада во Катар, само за потсмев сме тука помеѓу дипломатите од останатите земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...