Пример за демократија кога законите се почитуваат и во исто време се спроведуваат без разлика на лицето кое сторило прекршок

Објавил: Македонка Димкин | 19 јули, 2018 21:37

На шефот на граничната полиција му е одземена возачката дозвола!

Фото/Текст извор: ©Keystone / 20 min

На денот на заклетвата на новите погранични  полицајци,  Јорг Нот (60), шеф на граничната полиција во Швајцарија, предизвика сообраќајна несреќа по што сообраќајната полицијата на лице место  му ја одзеде  неговата возачка дозвола.

Јорг Нот е шеф на граничната полиција веќе 15 години. На 22 јуни  во еден петок аспирантите на граничната полиција после положените испити положија свечена заклетва по што имаше и свечена забава.

Возејќи кон дома  60-годишниот  висок функционер така расположен нешто по 18:30 часот во областа на одморалиштето А6 во Минсинген, Швајцарија предизвика сообраќајна несреќа, потврди обвинителот  на јавното обвинителство на кантонот Берн. Несреќата е сеуште предмет на тековната истрага. Дали Нот бил повреден во несреќата не се знае изјави дежурниот обвинител.

Полицијата ја одзема возачката дозвола на лице место . Испитувањето на алкохол покажало дека е негативно (0.00 mg / l.)

Се поставува прашањето како во ваков случај би постапила македонската полиција?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...