Во делот на патната инфраструктура на истокот од земјата, Бочварски најави дека во септември ќе бид епуштен во употреба експресниот пат Штип – Кочани.

Објавил: Перо Милчин | 6 февруари, 2022 18:54

На 11 февруари прв лет Скопје-Софија

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

На 11-ти февруари ќе се реализиара првиот авиолет од Софија до Скопје. Министрите за транспорт и врски, заедно со туроператорите од двете земји ќе разговараат за можностите да договорат туристички пакети кои ќе бидат атрактивни и за македонските и за бугарските туристи.

Веќе има заинтересирана компанија, тоа е компанијата „Гуливер“ која што ќе го изврши овој прв лет, со кој даваме на значење дека, со разговори, со еден позитивен пристап, можеме да отвориме повеќе можности за нашите граѓани, за економијата и секако за развој на туризмот во двете земји- изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Според најавите, редовната авиолинија помеѓу двата главни градови ќе започне да оперира од почетокот на месец март, со можност да биде понудена и трета дестинација.

Очекувам тоа да произлезе од страна на искусните професиионалци, туроператорите од двете земји, кои ќе дадат свои предлози, каде  е најпотребно да оперира оваа авиолинија, освен на релацијата Скопје- Софија-додаде Бочварски

На заедничката комисија е отворено и прашањето за активирање на граничниот премин Клепало, за патно поврзување на источна Македонија со западниот дел на Бугарија. Од бугарска страна треба да биде изграден асфалтен пат во должина од 13 км.

Очекувањата на министерот од Бугарија се дека 2023 година, ќе бидат завршени сите административни постапки за да се влезе во реализација. Веднаш по реализацијата на патот, ќе биде отворен и граничниуот премин- изјави Бочварски

Во делот на патната инфраструктура на истокот од земјата, Бочварски најави дека во септември ќе бид епуштен во употреба експресниот пат Штип – Кочани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.