. Упатуваме општа покана до сите Грци да дојдат на уште еден голем собир во последен момент да се спречи предавство на Македонија, во недела 20 јануари, во 14:00 часот.

Објавил: Перо Милчин | 12 јануари, 2019 15:21

На 20 -ти јануари големи протести во Атина, против Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“ т.н. „Комитет за борба за Македонија“, на 20. јануари закажа протест на атинскиот плоштад Синтагма, јави МИА од Атина.

Формираниот „Комитет за борба за Македонија“, го сочинуваат четири организации од кои две припаѓаат на Грците од дијаспората, и преку соопштение го најавуваат протестот кој ќе се одржи на 20 јануари. Тие велат дека Грците „не отстапуваат ниту една буква од светото име на Македонија“.

Формираниот „Комитет за борба за Македонија“,додаваат дека историјата ќе ги запише пратениците кои личниот и партискиот интерес го ставаат над татковината и демократијата.

– Владата вели дека Грците се убедени за придобивките од „договорот“. Да им докажеме дека прават грешка. Упатуваме општа покана до сите Грци да дојдат на уште еден голем собир во последен момент да се спречи предавство на Македонија, во недела 20 јануари, во 14:00 часот на Синтагма.

Тоа е единствениот демократски начин да не го донесат за гласање во парламентот. Но, ако се осмелат да го сторат тоа, повторно ќе бидеме таму, соопштуваат од „Комитет за борба за Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.