Викендов, во Струмица, во бар "Емпори" ќе се одржи дводневен фестивал посветен на електронската музика, поточно за љубителите на техно (techno) и псај-транс (psy-trance) музиката.

Објавил: Стефан Каневче | 6 март, 2019 23:25

На 8ми и 9ти Март во Струмица: Strumica Psychedelic Carnival ’19

Фото/Текст извор: ©facebook

На “Меѓународниот Ден на Жената” започнува фестивалот посветен на андерграунд културата и музиката, а ќе се одвива два дена -Петок (8ми) и Сабота (9ти Март), во организација на “Positive Vibration Crew” и бар “Емпори“.

Првата вечер (Петок, 8ми Март) од фестивалот ќе биде посветена на техно музиката,  во која како хедлајнер ќе настапи Maggie (BTKRSH/Code XX [Mk]), една од водечките и воопшто најталентирани техно диџејки кај нас, која има специфичен и префинет стил, а резидент диџеи на вечерта кои воедно и ќе ја започнат оваа вечер ќе бидат локалните Layka и Nikollov после кои следува Maggie, а Dj Doctor ќе ја затвори вечерта. За оваа вечер од дводневниот фестивал не е предвидено да се наплаќаат влезници.

Maggie (BTKRSH/Code XX)

Втората вечер (Сабота, 9ти Март), е резервирана за психоделичната музика, поточно за псај-транс музиката, а како хедлајнер на оваа вечер ќе настапи нашата “trance queen” или “транс кралица” како што македонската публика сака да ја нарекува, а тоа е Dea Purpurea (Glowing Flame Rec.) ,која е предвидено да започне со својот 2-часовен сет во 03:00 часот по полноќ. 

Dea Purpurea (Glowing Flame Rec.)

Оваа втора и последна ноќ од фестивалот ќе започне во 20:00 часот со warm-up диџеј сетови на домаќините на овој фестивал: Frakty и BugzyOm и ќе трае до раните утрински часови, а ќе се претстават диџеи од домашната транс сцена.

По warm-up сетовите на домаќините, настанот ќе се одвива по следниов редослед:
– 21:30ч – 23:00ч — Kumadelic
– 23:00ч – 01:00ч — Psoma 
– 01:00ч – 03:00ч — Meto Seeds 
– 03:00ч – 05:00ч — Dea Purpurea (Glowing Flame Rec.)
– 05:00ч – крај     — GoaMoa

Повеќе инфо/линк до фејсбук евентот: Strumica Psychedelic Carnival ’19

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...