Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, уште еднаш го повтори ставот на партијата дека нема да ја поддржат ратификацијата на договорот

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 10:44

Неа Демократија на Мицотакис нема да го ратификува договорот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доколку договорот е веќе ратификуван од Парламентот, просторот за маневри што ќе го имаме ќе биде многу мал, вели претседателот на Нова демократија во однос на тоа што би направил доколку како идна влада, договорот со Македонија е веќе ратификуван од Парламентот.

Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, уште еднаш го повтори ставот на партијата дека нема да ја поддржат ратификацијата на договорот и ќе гласа против.

– Нашиот главен приговор за договорот е фактот што господинот Ципрас отстапи нешто за што ниту една претходна влада не сакаше да разговара, за јазикот и за националноста. Односно за суштината на иредентизмот- вели Мицотакис.

На прашањето дали доколку договорот ги содржеше термините „Северномакедонци и „северномакедонски јазик“, ќе беше прифатлив за Нова демократија, Мицотакис вели дека „тоа сигурно ќе беше чекор во правилна насока“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести