Според некои податоци Хрватска до 2050 година вкупно би можела да остане без 800.000 жители

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 10:14

НЕВЕРОЈАТНА БРОЈКА : Хрватска ја напуштиле 102.000 луѓе

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Официјалната статистика покажува дека за првите три години од членството во ЕУ од Хрватска се отселиле 102.000 луѓе, а проценките наведуваат и двојно поголема бројка, пренесува Ал џезира.

 Хрватска од кога стана членка на Европската Унија и откако ѝ беше крената рампата за влез на европскиот пазар на труд во 2013 па до 2016 година година, државата ја напуштиле 102.000 луѓе.
Се проценува дека вистинската бројка е многу поголема, бидејќи многумина заминуваат „на црно“. Веројатно во тие три години од Хрватска се отселиле дури 230.000 луѓе.

Она што најмногу ги загрижува демографите, а на што предупредуваат економистите и што го забележуваат сите што останале во Хрватска е дека главно заминуваат цели млади семејства, а не како некогаш кога само таткото заминувал на печалба, пишува Ал џезира.

Просечната старост на иселениците се спуштила по 2013 година од 41,5 на 33,6 години, покажало неодамнешно истражување на загребскиот Институт за јавни финансии.
Многу луѓе проценуваат дека периодот на интензивно отселување би можел да потрае до 2020 година. А според некои податоци Хрватска до 2050 година вкупно би можела да остане без 800.000 жители, додека истовремено би ѝ биле потребни дури милион нови работници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.