Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност.

Објавил: Владо Марин | 12 мај, 2020 8:46

НЕВЕРОЈАТНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во Македонија доаѓа африкански бран со температури од над 35 степени!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во попладневните часови во северните предели ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд, ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, особено попладне. Ќе дува умерен ветер од западен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 27 степени.
Потоа во следните денови нашата територија ќе продолжи да биде под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Локално и повремено ќе има нешто повеќе облачност, а ќе дува и ветер од јужен и од југозападен правец, истиот повремено ќе биде засилен по интензитет.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во најтоплите предели од државава до крајот на неделава се очекуваат температури и до 35 степени.

УВ ИНДЕКСОТ понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува некаде од 8 до 10.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...