Само за месец април и тоа два пати на 11 и 15 април, Македонски пошти потрошиле над 100 илјади евра само за тонери за фотокопир.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јуни, 2019 21:30

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: „Македонски пошти потрошиле над 300.000 евра за тонер и хартија”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Според информациите од ревизорскиот извештај за јавните набавки, Mакедонски пошти само за април месец потрошилe 288,688 евра.

Mакедонски пошти само за април месец потрошилe 288,688 евра. Само за месец април на 11 и 15 април, Македонски пошти потрошиле над 100 илјади евра само за тонери за фотокопир, објави ТВ21.

Набавка на стока – тонери и девелопери за хибридна пошта 28,473 евра или 1,751,120 денари.
Одржување на системи за ладење на објекти на Македонска пошта 38,374 евра или 2,360,000 денари.
Тонери, рибони и тонери за фотокопири 74,263 евра или 4,567,190 денари
Тонери, рибони и тонери за фотокопири 13,431 евра или 826,000 денари
Хартија за хибридна пошта 134,117 евра или 8,248,200 денари.
За овие трошоци немаа одговор од Македонски пошти. Иако пред неколку дена директорот на оваа институција вети дека ќе даде изјава, тоа не се случи. ТВ21 веќе неколку дена чека оваа институција да даде отчет пред граѓаните.
Инаку пред 7 месеци, самиот директор на Македонски пошти призна дека има кражби во шалтерите и дека вработените украле 33 милиони денари, а 100 милион денари се украдени од надвор. Рустеми објаснува дека кражбите најчесто се од шалтерските вработени и дека секој има број на шалтер и затоа лесно може да се потврди кој ги украл парите. Според информациите од извештајот на ревизија, првично како украдени беа пријавени 133.3 милион денари. За 14 години, буџетот на Македонска пошта е оштетен за 133.6 милион денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...