Имено, на 15 јули годинава завршила наградната игра „VIP Гурмани 2019“ на компанијата „Групер“ која е во сопственост на министерката за финансии.

Објавил: admin@magazin | 3 ноември, 2019 18:12

МЕГА СКАНДАЛ: Фирмата Ангеловска противзаконски организира игри на среќа- Дали следи затворска казна?

Фото/Текст извор: ©економски лидер

Невиден скандал открива документот кој свиркачи од Министерството за финансии го доставија до редакцијата на „Економски Лидер“ – министерката Нина Ангеловска ќе одлучува дали таа самата направила проневера преку нејзината компанија „Групер“ со тоа што незаконски организирала игра на среќа.

Според документот кој го доставија свиркачите до порталот, постојат сериозни индиции дека сегашната министерка, како директорка и сопственичка на „Групер“, сторила сериозно кривично дело, за кое е предвидена висока затворска казна.

Според документот кој го доставија свиркачите постојат сериозни индиции дека сегашната министерка, како директорка и сопственичка на „Групер“, сторила сериозно кривично дело, за кое е предвидена висока затворска казна.

По деталните проверки на информацијата, медиумот ја најави сторијата, која сега ја објави во целост заедно со документите.

Имено, на 15 јули годинава завршила наградната игра „VIP Гурмани 2019“ на компанијата „Групер“ која е во сопственост на министерката за финансии. Во оваа наградна игра, добитниците биле испраќани во хотели во земјава и странство и им биле доделувани предмети за домаќинство и бела техника.

До редакција, свиркачи од министерството доставија „Преставка за поведување прекршочна постапка и преземање на соодветни мерки“, затоа што наградната игра на „Групер“, била спроведена спротивно на законската регулатива во земјава за одржување на наградни игри.

Според законот во Македонија, организаторот мора да има лиценца за по законски утврдени правила да организира игра на среќа – независно од тоа дали организирањето на игри на среќа е примарна дејност на компанијата.

Сепак, и покрај тоа, компанијата на министерката без дозвола од Министерството за финансии (кое сега го води) ја организирала оваа игра на среќа без притоа да ги запази нормите во кои мора да биде наведено кога истата почнува а кога завршува и кои се наградите.

Според поднесителите на преставката, постојат сериозни индиции дека компанијата „Групер“, освен што незаконски спроведувала игра на среќа – со ова сторила и кривично дело „Перење на пари“.

Преставката до Министерството за финансии кое е надлежно за игрите на среќа е доставено на 10.09.2019, а да биде иронијата поголема сега министерката Нина Ангеловска ќе треба да одлучува дали бизнисменката Нина Ангеловска го прекршила законот и сторила кривично дело.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...