Според американските медиуми, еден новодојденец во полицијата ја фотографирал сцената на несреќата и телата на мртвите, а потоа ги покажал на девојката да ја импресионира.

Објавил: Перо Милчин | 1 март, 2020 17:31

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Полицаец ги сликал мртвите тела на Коби и Џиџи, потоа ги покажувал на девојката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем скандал ја тресе Америка!

Според американскиот ТМЗ, кој беше првиот што објави дека се случила несреќата и смртта на Брајант, потврди дека канцеларијата на шерифот испратила меморандум со кој се бара од вработените да ја пријават грешката и да ги избришат фотографиите за да не се шират понатаму.

Коби Брајант беше американски професионален кошаркар, кој играше во НБА лигата за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“ и е син на поранешен НБА играч Џо Брајант. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.

Според американските медиуми, еден новодојденец во полицијата ја фотографирал сцената на несреќата и телата на мртвите, а потоа ги покажал на девојката да ја импресионира.

Кога ТМЗ го повика шерифот да ја потврди вистинитоста на оваа приказна, им беше кажано дека полицијата знаела за случајот три недели, но проблемот се чуваше во тајност.

Во пресрет на овој скандал, адвокатот на Брајант, Гери Роб излезе со соопштение до јавноста, а вестите ја шокираа Ванеса Брајант.

“Ванеса бараше на денот на несреќата целата област да биде изолирана и заштитена од новинарите.

Важно е да се грижиме за жртвите и нивните семејства. Ова е неверојатен недостаток на почит, хуманост и приватност.

Се надевам дека оној што ги покажа овие фотографии ќе наиде на дисциплински мерки и дека тие фотографии нема да бидат понатаму дистрибуирани “, рече Роб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани