Според Фрчкоски причината за критиките на експертите за законот е во очекувањата дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ тие би добиле нешто од новата власт.

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2020 9:36

НЕВИДЕН СТИЛ: За Фрчкоски експертите кои го критикуваат законот за ЈО се “ДРОЉИ” И “ТЕТКИ“(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©вечер

Екс министерот за внатрешни и надворешни работи и кандидат за претседател на Македонија од СДСМ Љубомир Фрчковски со низа навреди за експертите и експертките кои се противат на донесување на Законот за Јавното обвинителство.

Гостувајќи на ТВ24 Фрчковски меѓу другите навреди рече дека законот бил “кланица за експертите” и дека меѓу нив имало “две – три тетки кои постојано збореле глупости”.

Според Фрчкоски причината за критиките на експертите за законот е во очекувањата дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ тие би добиле нешто од новата власт.

Најтешката навреда за неговите колеги од академската заедница, од адвокатската фела и невладиниот сектор е неговата квалификација за нив како “вавилонски дрољи” односно проститутки.

Меѓу експертите кои учествуваа на јавната расправа на покана на Собранието беа Гордана Лажетиќ – Бужаровска, Гордан Калајџиев, Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска, Тања Каракамишева, Владо Камбовски, Никола Тупанчевски, сите некогашни колеги на Фрчковски од Правниот факултет “Јустинијан први” и триесетина други професори, пратеници, адвокати и други експерти.

Делот од настапот на Фрчковски каде што тој во досега невиден стил отворено ги навредува правните експерти кои се против донесување на ЗЈО почнува од 25 минута.
Името на Фрчкоски во последните месеци се споменуваше во контекст на неговата сопруга која е бранител на екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.