Каролина Ристова Атеруд важи за една од најголемите борци за унапредување на женските права, но овој пат наместо трогателна осмомартовска честитка по повод празникот, таа понуди попусти.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 8 март, 2020 13:28

НЕВООБИЧАЕНА ОСМОМАРТОВСКА ЧЕСТИТКА: Македонската феминистка понуди 50% попуст за празникот

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска е интернационален ден на жените и токму овој ден се обележува како историски најзначаен датум во борбата за женските права. Истакнати мислителки од целиот свет наоѓаат уникатен и автентичен начин како да го честитаат празникот на жената и токму на овој ден да поентираат со својата феминистичка мисла. 

На ова фотографија се гледа објава на Каролина Ристова Астеруд со која таа апострофира за значењето на празникот на жените.

При истражување на фејсбук профилите и другите медиуми преку кои јавно се огласуваат македонските феминистки и мислителки, не видовме ниту една објава која би ја посветиле на денешниот ден. Од отсуството на реакцијата најмногу не шокираше она на Каролина Ристова – Астеруд бидејќи таа е лидерка во борбата за женските права и постојано го потенцира својот феминистички порив. 

Наидовме на објава од пред неколку дена, која професорката Астеруд ја преземала и објавила на својот личен фејсбук профил, а е преземена од официјалниот профил на книжарницата „АВОГАДОС“. На објавата стои фотографија од корицата на книгата „Феминистички теории за политиката“ чиј автор е токму Атеруд, а додадена е и цена од 200 денари на самата објава. По повод празникот на жените, Атеруд ги израдувала жените со тоа што книжарницата каде што се продава нејзината книга понудиле дури вртоглав 50% попуст. Објавата ја назначила со: „За заинтересираните“ и ставила неколку срциња до тој текст. 

Малку е невообичаено една феминистка да го честита празникот на жените со тоа што ќе пренесе информација дека книгата чија авторка е, е на попусот од 50% и на неа е назначена цена од 200 денари. 

За разлика од нашите феминистки, светските мислителки го чекаат интернационалниот ден на жената за да ја сумираат својата борба за унапредување на женските права, да ги најават следните борби, да испратат мотивациска порака, да дадат смисла на својата работа и да ја апострофираат смислата на празникот. 

Но, многу од луѓето, вклучително и македонските феминистки, во Осми март гледаат можност за „бомбона бизнис“ и заработувачка. Други, пак, го чекаат празникот за да соберат подароци, денот кога ќе бидат во право, ќе бидат под посебен третман и внимание од мажите и од другите жени. Мажите Осми март го чекаат за да добијат нешто од жените, кој насмевка, кој ручек, кој пијачка, кој благодарам, кој нешто друго. Секој има свој начин на кој го доживува овој историски значаен датум и преку својот начин на доживување ја одредува сопствената позиција во космосот.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...