Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Температурата на воздухот ќе се искачи до околу 14 степени.

Објавил: admin@magazin | 2 февруари, 2021 9:22

НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска времето во државава ќе се задржи претежо облачно со услови за слаб локален дожд, особено во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Температурата на воздухот ќе се искачи до околу 14 степени.

Од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време. Повремено ќе има и умерена локална облачност а ќе биде и претежно тивко. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Температурите на воздухот ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека на местата со магла и ниска облачност ќе останат пониски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...