Како што информираа тамошните медиуми, невреме проследено со град со големина на портокал ги погоди синоќа јужните делови на Словенија, предизвикувајќи значителна штета.

Објавил: Весна Петровска | 12 јуни, 2019 14:16

Невреме какво што немало досега – град со големина на тениско топче ја погоди Словенија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Големо невреме вчера ја зафати Словенија, паѓал град со големина на тениски топчиња.

Како што информираа тамошните медиуми, невреме проследено со град со големина на портокал ги погоди синоќа јужните делови на Словенија, предизвикувајќи значителна штета.

Словенечкиот национален центар за вонредни состојби објави дека значителна штета е предизвикана во Кочевје и Чрномељ, како и во Рибница и Содражица.

Според љубљански медиуми, ангажирани биле 79 противпожарни бригади за да му помогнат на локалното население.

А во Македонија времето е сончево, а од утре не очекува топлотен бран со температури до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена облачност додека денес доцна попладне и навечер како и утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени денес и од 25 до 33 степени утре. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст па така истите во централните и во југоисточните предели се очекува да се искачат до околу 40 степени. Сепак поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на водел талог, силни електтрични празнења, силен ветер и појава на град па токму поради ова, односвно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па поради ова доколку излегувате во најтоплиот дел од денот ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце и да се внесува поголемо количество на течности.

Сепак и покрај локалната дестабилизација на времето продолжува вистинското лето кое што неодамна започна па така лубителите на плажирањето конечно ќе си дојдат на своето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.