Инаку вчера владејачката партија на Северна Кореја повика на казнување на службените лица кои не ги следеа наредбите, што доведе до неколку десетици жртви за време на тајфунот што го погоди Корејскиот полуостров оваа недела.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 септември, 2020 14:54

Невреме направи хаос во Јапонија: Поради тајфунот евакуирани над 100.000 домаќинства, има повредени, откажани повеќе од 500 летови!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Властите во јужните јапонски префектури Окинава, Кагошима, Кумамото и Нагасаки наредија превентивна евакуација на повеќе од 100.000 домаќинства поради невремето предизвикано од тајфунот Хаишен.

Според Ројтерс, поради времето повеќе од 3.000 домаќинства во Окинава, најјужната островска префектура во Јапонија, како и над 8.000 домаќинства на островот Амами Ошима останале без електрична енергија.

Властите соопштија дека две лица се повредени во невремето, а населението е повикано на највисоко можно ниво на претпазливост поради потенцијално забележани налети на ветрови, врнежи од дожд и плима и осека.

Поради лошите временски услови, откажани се повеќе од 500 летови од Окинава и јужните делови на Јапонија.

Инаку вчера владејачката партија на Северна Кореја повика на казнување на службените лица кои не ги следеа наредбите, што доведе до неколку десетици жртви за време на тајфунот што го погоди Корејскиот полуостров оваа недела.

Севернокорејската работничка партија одржа состанок за да ги разгледа грешките на надлежните службеници и побара строги законски казни, пишува весникот Родонг Синмун.

Севернокорејските власти сега се плашат од друг, потенцијално посилен тајфун „Хајшен“, кој е на пат да го погоди источниот брег на полуостровот во понеделник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.