Градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ дал согласност урната со посмртните остатоци на актерката да биде положена во Алејата на заслужни граѓани, јави „Танјуг“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 16:45

Неда Арнериќ ќе почива во Алејата на заслужните граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата актерка Неда Арнериќ почина на 67 годишна возраст и беше ппронајдена во нејзиниот стан во на 10 јануари. 

Градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ дал согласност урната со посмртните остатоци на актерката да биде положена во Алејата на заслужни граѓани, јави „Танјуг“.

Во текот на филмската кариера реализира голем број улоги како во југословенски, така и во копродукциски филмови.

Во четврток на 16 јануари во Југословенската кинотека ќе се одржи комеморацијата по повод смртта на актерката. 

На комеморацијата од големата актерка ќе се збогуваат пријатели и колеги.

По комеморацијата ќе биде прикажан филмот на македонскиот актер и режисер Коле Ангеловски, „Колнати сме, Ирина“ со Неда Арнериќ и Велимир Бата Живојиновиќ во главните улоги.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.

Таа после подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот. Со новата театарска претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме” на 14 октомври минатата година таа настапи во големата сала на Центарот за култура.Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ја знаеме и ние од многу македонски филмови, а најмногу од филмот “Исправи се, Делфина“ неодамна прстојуваше во Струмица.

Неда Арнериќ дебитира на филм на 13 годишна возраст. Во текот на филмската кариера реализира голем број улоги како во југословенски, така и во копродукциски филмови.

Добитник е на Сребрена арена на Филмскиот фестивал во Пула во 1977 година за улогата во филмот „Исправи се, Делфина“.

За истиот филм на режисерот Александар Ѓурчинов е наградена и со Наградата „Царица Теодора“ во Ниш.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.