Господинов е цел живот парламентарец од ВМРО ДПМНЕ, друго ништо никогаш не работел, живее исклучиво на цицка на народот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 септември, 2019 14:54

НЕДЕЛКОВСКИ: Ѓорчев цел живот живее на цицка на народот, кој го бранеше фашистичкиот пуч на Заев и Џафери

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новинарот Миленко Неделковски на социјалните мрежи удри жестоко по пратеникот Влатко Ѓорчев од редовите на ВМРО ДПМНЕ, нарекувајќи го парламентарец од ВМРО ДПМНЕ, кој се стави во одбрана на фашистичкиот пуч на Заев и Џафери.

Господинов е цел живот парламентарец од ВМРО ДПМНЕ, друго ништо никогаш не работел, живее исклучиво на цицка на народот, се стави во одбрана на фашистичкиот пуч на Заев и Џафери, застана спроти браќата патриоти што сега јадат решетки – ГЛЕДАЈ МАКЕДОНИЈО, напиша Миленко Неделковски.

Господинов е цел живот парламентарец од ВМРО ДПМНЕ, друго ништо никогаш не работел, живее исклучиво на цицка на народот, пишува Миленко Неделковски.

Стануваме ќе речам земја без народ. Ќе ги видите бројките утре, задутре, ден потоа. Ќе дојде првиот училиштен ден, празни се училиштата, не може паралелки да се направат. Да, тоа е поврзано со вакви неспособни министри на кои што имињата не им ги знаеме. Кои што пет минути не можат да набројат една фабрика што донеле. И една работа што сработеле“, изјави Ѓорчев.

„Вчера излегоа податоците од вториот квартал за 2019 година, второто тримесечие, април, мај, јуни за бројот на новородени деца во Македонија, и оваа бројка е најлоша во историјата на Македонија откако има статистика, бројки и завод за статистика на Македонија, рече завчера од собраниските клупи, пратеникот Влатко Ѓорчев.

2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија. Е од таа најлоша 2018 година како резултат на политиките на Зоран Заев кога се родија само 21.300 бебиња сега имаме ситуација од таа најлоша демографска година да имаме падови од 10,6%, рецесија од 10,6%.

Во економијата кога ќе падне бројката 1,2,3 или 4 проценти во рецесија се вклучуваат сите аларми и кризни мерки. Сега со оваа влада, со овој егзодус нам ни се случува рецесија во еден квартал од 10,6%. Зоран Заев воопшто тоа не го допира.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести