Независни Грци сепак ќе го поддржат Преспанскиот договор, ако со него има и анекс со кој ќе се поништи Македонскиот народ и Македонскиот јазик во Обединетите нации

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 9:49

Независни Грци ќе гласаат за Северна, без Македонски народ и Македонски јазик

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеничката група на Независни Грци на Панос Каменос, виталниот коалиционен партнер на грчкиот премиер, сепак би го гласале Преспанскиот договор, ако се реализира најавениот анекс.

Имено, самиот Ципрас најавува анекс на договорот со кој нема да постои Македонски народ и Македонски јазик и тоа би го побарал директно од Обединетите нации.

Прв за ова проговори гласноговорникот на Независни Грци.

Мојата позиција е цврста, а тоа е дека историскиот договор треба да помине и да се заврши. Изборот на неактивност чинеше многу скапо. – вели портпаролот на пратеничката група на Независни Грци и пратеник, Танасис Папахристопулос. 

Папахристопулос потенцира дека неговата позиција уште од пред една година, останува непроменета, тој ќе гласа за ратификација на Договорот од Преспа кога ќе дојде во грчкиот Парламент.

Мојата позиција е цврста и ништо не може да ја смени, дури и по последните изјави на Заев, кои според мене, се предизборни бидејќи сака да добие 80, две третини од пратениците. Ова е мое мислење. – вели Папахристопулос.

Пратеникот од Независни Грци, објаснува дека тој нема да биде причина да падне Владата на Ципрас.

На денот кога ќе гласаме за Договорот од Преспа, ќе гласам „за“ и ќе го отстапам моето пратеничко место. -вели портпаролот на пратеничката група на Независни Грци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.