Како што пренесуваат грчките медиуми, од за сега непознати причини, на плажата во Ситонија, експлодира глисер во кој се наоѓало цело семејство од Србија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јули, 2019 0:55

НЕЗАПАМТЕНА ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Експлодира глисер на плажа со цело семејство од Србија(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Семејство од Србија доживеа права драма додека биле на одмор во Ситонија, на Халкидики во Грција.

Како што пренесуваат грчките медиуми, од за сега непознати причини, на плажата во Ситонија, експлодира глисер во кој се наоѓало цело семејство од Србија.

Како што наведуваат очевидци, од преголемата јачина на експлозијата, малолетно девојче испаднало од глисерот, а медиумите известуваат дека мајката со останатите две малолетни деца скокнала во вода, додека сопругот заедно со инструкторот останал на глисерот.

Драмата се одвивала недалеку од плажата која била полна со туристи, а глисерот како што наведуваат грчките медиуми изгорел во потполност.

Мајката и трите девојчиња се пренесени во болница во Солун, пренесува грчкиот портал Катимерини. Четворогодишното девојче е пренесено во болницата Папагеоргија во Солун, со повреди на градите и стомакот, а мајката со другите две девојчиња се пренесени во истата болница, но тие се здобиле со по мали изгореници.

Крајбрежната стража во Грција, ја испитува причината за експлозијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.