Ако денеска се одржат изборите во Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ би добила 27,4 % гласови, одма после неа се Зоран Милановиќ со 24 % гласови и Мирослав Шкоро 23 %.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2019 21:09

НЕИЗВЕСНА БОРБА НА КАНДИДАТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Милановиќ и Шкоро се приближија до Колинда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Хрватска е објавено прво големо истражување, откако беа познати сите 11 кандидати за претседателските избори, а резултатите на анкетата покажуваат дека крајот на изборите ќе биде неизвесен помеѓу Грабар Китаровиќ, Милановиќ и Шкоро, пренесе индекс.хр.

Ако денеска се одржат изборите во Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ би добила 27,4 % гласови, одма после неа се Зоран Милановиќ со 24 % гласови и Мирослав Шкоро 23 %.

Мирослав Колаковиќ според анкетата би освоил 8,2 %, Иван Пернар 2,9 %, додека пак Дејан Ковач би добил 2,6 %. Потоа следуваат Далија Орешковиќ со 11,3 % и Дарио Јуричан со 1,2 %.

Останатите кандидати би добиле под 1 посто поддршка од народот, наведува индекс.хр.

Колинда Грабар-Китаровиќ е хрватски дипломат и политичар. По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015 година на хрватските претседателски избори во 2014-2015, против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ таа стана 4-тиот претседател на Хрватска на 19 февруари 2015 година.

Таа е првата жена претседател на Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.