Коѕијас со нови провокации, Македонците се народ измислен во 1913 година во Букурешт а казни за некористење на Северна, ќе има штом се имплементираат уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 8:12

Нека го променат името, па ќе ги казнуваме за некористење на Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот шеф на грчката дипломатија со пофални зборови за Преспанскиот договор, Македонците нема да се Северно Македонци ама затоа државата ќе им биде Северна и за тоа ќе има санкции.

Коѕијас по оставката повторно се наврати на имплементирањето на Преспанскиот договор.

Кога ќе финализира Договорот од Преспа, кога ќе стапи во сила, според мене, нема да има противење, освен од многу мал дел од грчкото општество. – смета поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, говорејќи за критската телевизија.

Никос Коѕијас детално објасни зошто во договорот стои „Македонци/државјани на Република Северна Македонија“, а не „Северномакедонци“.

Тие себеси веќе 120 години се нарекуваат Македонци. Зошто се викаат Македонци? Не велам дека добро прават, но кажувам зошто.

Земаа еден дел од областа Македонија што им беше даден според Договорот од Букурешт во 1913, според кој, ние ја земавме грчката Македонија и тие се идентификуваа географски со овој регион и се нарекоа Македонци.– објасни Коѕијас и додаде дека во секојдневна употреба и „со најдобриот договор на светот не можеш да наметнеш некому како самиот ќе се нарекува во приватните разговори“.

Во однос на критиките во Грција дека македонскиот државен врв го користи името Македонија, а не Северна Македонија, Коѕијас објасни дека договорот се уште не е во сила, за да можеме да говориме за прекршувања.

Овој договор не е ставен во функција, не е ратификуван од двете страни, оваа земја продолжува да се вика Македонија и мене ме обвинуваат дека наводно Заев го прекршува договорот и слично. Ова не е точно, договорот треба да се ратификува од двете страни, а потоа почнува да има прекршувања. – објасни поранешниот шеф на грчката дипломатија.

На почетокот на 90-минутното интервју, Никос Коѕијас уште еднаш, на шега, го повтори неговиот став, односно парадокс, дека се бореле „да се смени името на поранешната југословенска Република Македонија“ и во меѓувреме тој станал поранешен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.