вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Денеска е 20 јули според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар). 

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2019 10:41

Нека е за многу години: Денеска е Св. пророк Илија – Илинден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се празнува големиот христијански празник Свети Илија или кај народот познат и како Илинден, денот кога се чествува името на едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.

Денеска е 20 јули според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар). 

Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа.

Кога Јован Крстител и Исус Христос ја проповедале својата вера, некои евреи сметале дека некој од нив е самиот Свети Илија. Исус Христос вели дека Јован Крстителот е Илија, кој ќе се појави на „големиот и ужасен ден“, како што предвидел самиот Малахиј. Свети Илија и Мојсеј се јавиле на Исус Христос на денот на Воскреснувањето. За последен пат Свети Илија се споменува од страна на Исус Христос на крстот, кога оние пред крстот сметале дека го вика Илија на помош.
Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.

Пророкот Свети Илија завзема значајна улога во религиите на христијаните и Евреите, а се спомнува и во Куранот. За него најмногу е напишано во Третата и Четвртата книга „Царства“, а помалку во Втората книга „Паралипоменон“ и „Книга на Малахија“.

Според преданијата кога се родил Свети Илија, околу него татко му видел Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места.

Кога Јован Крстител и Исус Христос ја проповедале својата вера, некои евреи сметале дека некој од нив е самиот Свети Илија. Исус Христос вели дека Јован Крстителот е Илија, кој ќе се појави на „големиот и ужасен ден“, како што предвидел самиот Малахиј. Свети Илија и Мојсеј се јавиле на Исус Христосна денот на Воскреснувањето. За последен пат Свети Илија се споменува од страна на Исус Христос на крстот, кога оние пред крстот сметале дека го вика Илија на помош.

Свети Илија, прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија, Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.