Фетаи зборува како од дете израснато во традиционална средина може да се стане врвен правник кој ќе остави белег во историјата на оваа држава.

Објавил: Весна Петровска | 30 септември, 2019 18:44

Некогаш носела димии, а сега раскошни фустани: Фатиме ПОВТОРНО го привлече вниманието

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Обвинителката Фатиме Фетаи викендов го привлече вниманието на роденденската забава на хотелот „Парк“. Таа таму беше во друштво со некогашната водителка и новинарка, Нора Шаќири од каде заедно споделија фотографија. Овој пат, со залижана коса и црвениот кармин по кој е позната, Фетаи изгледаше супер. Многумина коментираа дека е е ослабена.

За потсетување, Фатиме Фетаи во јавноста стана позната по жена која носела димиим, до непоколеблива обвинителка која се бореше со криминалот.

Таа пред неколку години ја раскажа својата приказна.

-,Родена сум како трето дете во бракот меѓу Смиљана и Нафим. Првото е машко, се разбира, второто е сигурно женско, анализирајќи го третото повеќе потсетува на првото. Во село Неготино гостиварско го поминав детскиот живот и основното образование, а средношколските денови во село Боговиње тетовско, таму всушност созреав бидејќи се вљубив во едни сини очи, стапив во брак на седумнаесет години, кој се уште е брак и во правна и во фактичка смисла, а и бојата на очи е иста се уште. Сепак иако одбрав многу млада да стапам во брак, цврсто бев убедена дека поседувам потенцијал, да бидам свој човек и на професионален и на личен план. Бев свесна со какви потешкотии ќе се соочам имајќи ја предвид средината во којашто израснав, свесна дека моите родители потекнуваат од работничко семејство, и освен нивната максимална психичка поддршка, немав никаков ветер во грб. Меѓутоа и тогаш како и сега, бев цврсто уверена дека нема да отстапам по било која цена и дека некогаш ќе оставам некаква трага во општеството од професионален аспект. Можеби ова беа преголеми амбиции, меѓутоа таква сум по природа и лично сметам дека човек што нема амбиции не може да има успех на професионален план. Какви што беа приликите во опкружувањето во кое станав сопруга или невеста , како што викаат кај нас, мојот брачен живот започна со носење на традиционална облека, димии ако сте слушнале, со бакнување рака на возрасните жени, некако ,,сериозно“ ја започнав кариерата на домаќинка, но исто така без калкулации, но сепак, брзо се ,,предадов“ заради напред наведените причини. Живото по кој копнеев како дете, живот на една млада образована жена, успешна жена со семјество кое ќе стои зад неа, ми беше врвен идеал. Одлучив јас да го водам животот, а не тој мене. Всушност, сакав да си покажам , но и на другите, дека една жена во една таква прилично конзервативна средина , во која во тој период управувањето со возило или носењето очила за сонце се сметаше како грев, дури и во една таква средина, кога има чиста желба, мисла, трудољубивост освен небото не постои друга граница да ја спречи во нејзината намера. Се запишав на Правен факултет во Скопје, се роди мојот прв син, но и тоа ми беше темпирано за да можам да започнам со волонтирање. Ми беше тешко , но имав голема помош од мајката на мојот сопруг. Често се случуваше ноќе да учам на светло од телевизорот, за да не ги разбудам мојот сопруг и детето. По завршувањето на факултетот волонтирав во Основен суд во Тетово, а на 26 годишна возратс ме избраа за јавен обвинител , а подоцна како избор на една силна и храбра жена госпоѓата Јанева, станав дел од тимот во една битка која е најголема правна битка веројатно во историјата на Македонија“-изјави Фатиме Фетаи пред млади жени на кои им порача:

,,Не треба да се трудиме да бидеме подобри од другите, секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобарата верзија од себеси“, рече пред неколку години обвинителката.

Фетаи зборува како од дете израснато во традиционална средина може да се стане врвен правник кој ќе остави белег во историјата на оваа држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.