Кога претседателот и Владата во мир не можат да се искоординираат, каква координација ќе имаат за време на војна, може само да се претпостави? Господ напомош со оваа марионетска и крајно неодговорна власт во државата Македонија, за што мора да сноси последици!

Објавил: Перо Милчин | 3 април, 2021 15:59

НЕКООРДИНАЦИЈА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ВЛАДАТА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА И ЈУЖНАТА ДРЖАВНА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дерогацијата на уставната положба на Претседателот на Републиката како Врховен командант на Вооружените сили на Македонија утврдена во членот 79 став 2 од Уставот, во Врховен командант на Армијата во членот 18 од Законот за одбрана донесен на седницата на Собранието одржана на 30 мај 2001 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 42/2001), ги даде своите резултати. Македонија остана без Врховен командант на Вооружените сили на Македонија и без Врховна команда на Вооружените сили на Македонија. Раздробениот и нефункционален безбедносен систем ги измести сите односи и институции во одбраната на државата и нацијата!

Речиси заборавивме, дека поради непостоење на субординација во Вооружените сили на Македонија за време на војната 2001 година, ќе се испотепаа вооружените единици на МВР и АРМ при нападот на Арачиново!

Исто ни се случува и сега. Кога не постои координација и субординација меѓу Претседателот и Владата во мир, Господ знае што не’ чека за време на војна, освен дека самите ќе се испотепаме пред да не’ нападне непријателот…

Во членот 30 од Законот за управување со кризи е утврдено дека “(1) Кризна состојба се прогласува заради справување со кризна состојба која претставува ризик по добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на нејзин дел. (2) Сериозноста на ризикот треба да биде од таква природа на зафатеност на подрачјето или добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на дел од неа, за која не постојат услови за прогласување на воена или вонредна состојба.“

Во членот 31 од Законот за управување со кризи, пак, се вели “(1) Владата донесува одлука за постоење на кризна состојба, го определува подрачјето зафатено со кризна состојба и соодветно на тоа ги активира механизмите за разрешување на кризната состојба. За донесената одлука Владата веднаш го известува Собранието и Претседателот на Република Македонија. (2) Владата за активностите поврзани со одлуката од ставот 1 на овој член во рок од 48 часа усмено, а еднаш неделно писмено го известува Собранието и Претседателот. (3) Владата најдоцна за 30 дена по завршувањето на активностите утврдени со одлуката од ставот 1 на овој член, изготвува и доставува писмен извештај до Собранието и Претседателот. (4) Одлуката за постоење на кризна состојба од ставот 1 на овој член не може да трае подолго од 30 дена. (5) Ако кризната состојба продолжи да трае подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. (6) Собранието и Претседателот во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.“

Во членот 35 од Законот за управување со кризи, исто така, е утврдено дека “(1) Дел од Армијата учествува во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на Републиката, а органите на државната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување. (2) Предлог до Владата за потребата за учество на дел од Армијата, согласно со Стратегискиот одбранбен преглед на Републиката дава Управувачкиот комитет. (3) Предлогот од ставот 2 на овој член, особено содржи: вид и број на сили и капацитети на армиската единица; намена и задачи за кои се бараат; и времетраење на активноста и ангажирањето на армиската единица. (4) По предлог на Владата, за учество на дел од Армијата во справувањето со кризна состојба, одлучува претседателот. (5) Претседателот во секое време може да ја преоцени потребата од учество на делот од Армијата. (6) Начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба се уредува со пропис кој го донесува Претседателот.“

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 6 октомври 2020 година, донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за корона-вирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ број 241/2020). Според оваа одлука кризната состојба на државната граница беше утврдена да трае шест месеци заклучно до 31 март 2021 година!

Истовремено, на барање на Владата, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 16 декември 2020 година донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, почнувајќи од 19 декември 2020 до 30 јуни 2021 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 299/20).

Наместо координација меѓу Владата и Претседателот на Републиката, без продолжена односно прогласена кризна состојба на државната граница, Претседателот на Републиката на 1 април 2021 година издаде соопштение во кое се вели: “Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ (31 март 2021 година, м.з.), а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, ПРЕСТАНА да постои и правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница. Претседателот Пендаровски му нареди на Началникот на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно со новонастанатата ситуација. Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе и’ нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи.“

И, после ова соопштение и наредба на претседателот на Републиката, Владата на седницата одржана на 1 април 2021 година донесе Одлука за прогласување на кризна состојба на северната и јужната државна граница (“Службен весник на Република Македонија“ број 72/2021) објавен на 1 април 2021 година. Врз основа на оваа одлука, кризната состојба на северната и јужната граница ќе трае 30 дена заклучно со 30 април 2021 година.

На 2 април 2021 година, уследи ново соопштение од кабинетот на претседателот на Републиката: “Врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19 и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница!“

Кога претседателот и Владата во мир не можат да се искоординираат, каква координација ќе имаат за време на војна, може само да се претпостави?

Господ напомош со оваа марионетска и крајно неодговорна власт во државата Македонија, за што мора да сноси последици!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...