Според бизнисменот Митко Ѓорѓиев, речиси и да нема куќа во градот која на некој начин не е под лихва на Заеви и бара полицијата и органите да го истражат целото обвинување

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 14:44

Нелегалната “Код Секјурити Груп“ претепа бизнисмен кој го обвини Вицето за лихва

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Струмичанецот Александар Барабановски, вработен во нелегалната агенција за обезбедувањен на СДСМ,  го нападнал локалниот бизнисмен Митко Ѓорѓиев, кој пред неколку месеци ги обвини Зоран и Вице Заеви за лихварство.

Поради константните закани од Заеви, Ѓорѓиев, кој има и бугарско државјанство, се преселил во Бугарија.

За последниов инцидент се заинтересирала и бугарската амбасада која застанала во заштита на својот државјанин и побарала информации од полицијата.

Бев во продавница и на излегување од зад грб бев нападнат и удрен од обезбедувачите на Заеви. Успеав да се одбранам, но случајот го пријавив во полицијата. Бев и на лекар, а утре треба да направам преглед на увото за да видам да не има некое оштетување. – изјави Ѓорѓиев.

Инцидентот го потврдија и од МВР.

Околу 11:15 часот на улицата Балканска лицето А.Б. физички го нападнало М.Ѓ., кој го пријавил случајот во полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР.

Код Секјурити Груп“ во која директно се инволвирани вработени во Шестата управа на МВР како и вработени полицајци од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев, а кои работат на диво бидејќи ни МВР ни Коморат за обезбедување на РМ не им издале дозвола.

Сепак, од она што може да се забележи низ Струмица, агенцијата “Код Секјурити Груп“ обезбедува мобиларници, кафулиња, пицерии, бутици, дискотеки. На сите објекти кои се под нивна заштита стојат залепени етикети со нивното лого.

Ме нападна со тупаници по главата од зад грб и почна да ме навредува„ Бугарин“, оди си во Бугарија и слично. Ова е прв пат физички да ме нападнат, иако постојано трпам притисок, и јас и семејството. Сакаат да ме замолчат зошто ја зборувам вистината.

Државата треба сериозно да се нафати да провери што се случува во Струмица и да интервенира. Речиси нема куќа во градот која на некој начин не е под лихва на Заеви.

Само јас се одважив да зборувам за тоа. Неодамна ми рекоа да излезам на телевизија и да му се извинам на Вице Заев за да се помириме, но јас нема тоа да го направам. Имам и судска потврда од вештак дека сум во право и дека бев жртва на лихва. – вели бизнисменот.

Тој вели дека не може да се отвори бизнис, ако прво не се помине од кај Заеви, па затоа бизнисот со туризам го префрлил во Бугарија.

Од МВР досега немаме одговор дали и што полицијата прави да ги санкционира „рекетарите“ од “Код Секјурити Груп“ бидејќи сеуште работат на диво, па практично работите за кои се ангажирани, односно наплатиле за нивните услуги претставуваат класичен рекет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести