Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

Објавил: Весна Петровска | 5 декември, 2019 19:03

НЕМАА ХРАБРОСТ ДА ГИ ПРИТВОРАТ НАПАЃАЧИТЕ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС – Спасовски упати големо жалење до обвинителството

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар палас“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Прилеп, одоговарајќи на прашањето до каде е истрагата за тој случај.

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

– Се работи на истрагата за инцидентот со пукањето во хотелот „Александар палас“. За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори. Но, ние интензивно работиме на тој случај, изјави Спасовски.

За потсетување, на први декември пријавено било пукање од огнено оружје во хотел „Александар Палас“ во Скопје, а во инцидентот како што информираат од МВР нема повредени.

– На 01.12.2019 г. околу 00:35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести