Според изјавата на член на ЦК кој побарал да биде анонимен, Мијалков бил обвинет и за прислушкувањето и за влијание за промена на закони за финансиска корист и профит

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 13:21

Немаше странски служби, не прислушкуваше Мијалков?

Фото/Текст извор: ©новатв.мк

Член на Централниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, кој сакаше да остане анонимен изјави дека “немало никакви странски служби, не прислушуваше Мијалков”.

На вчерашната седница на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ најдраматичен момент, била иницијативата за предлогот ОК да го исклучи од членство во партијата Сашо Мијалков пренесува Нова .

Иницијативата ја поднел потпретседателот на партијата Александар Николовски кој истапил со став дека партијата мора да расчисти со “материјалистите” за да се врати на идеалите на партијата а со тоа да им се овозможи и делување на “идеалистите”, вели член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ кој побара анонимност.

Николовски, според истиот извор, во своето излагање по иницијативата навел повеќе информации околу тоа како Мијалков профитирал финансиски благодарејќи на привилегиите кои му ги овозможила партијата.

Николовски навел дека партијата за негови лични интереси десетици пати гласала за промена на закони кои биле единствено во служба на задоволување на лукративните интереси на Мијалков.

На нашето прашање околу ставот на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за улогата на Груевски за сите обвинувања на сметка на Мијалков, нашиот извор нагласи дека во врска со тоа ќе се произнесат наскоро.

Николовски во своето излагање исто така нагласил дека партијата претрпела огромни штети поради тоа што, како што рекол Николовски, Мијалков а не странски служби, го вршеле прислушувањето при што најголем дел од прислушуваните се членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Николовски во своето обраќање исто така го обвинил Мијалков дека тој физички му се заканувал на пратеникот Мукоски за да го принуди да гласа за поддршка на уставните измени.

Иницијативата на потпретседателот Николовски била прифатена едногласно.

Што се однесува до исклучувањето на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров тој, како што велат извори од ЦК на ВМРО ДПМНЕ, бил обвинет за непринципиелна соработка со политичките противници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.