Скандал кој ја разобличи Владата на Борисов, по 10 години бугарските органи на прогонот препознале енормно издавање бугарски пасоши на македонски државјани за пари

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 8:39

Нема веќе бугарски пасош за 5.000 евра, Борисов осомничен за малверзации

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бугарија по децениското масовно издавање фиктивни државјанства за патни исправи на Македонски граѓани, со откритие на векот, постапката била нелегална.

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници што продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји што се надвор од Европската Унија врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства.

Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и на Молдавија плаќале по 5.000 евра за лажна потврда, со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а се уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување.

Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи. – соопшти Обвнителството за гонење организиран криминал.

Бугарските медиуми наведуваат дека меѓу 20-те приведени е и шефот на државната Служба за Бугарите во странство, која има клучна улога при натурализација на странски државјани. Оваа служба издава потврди за бугарско потекло на странците кои ќе докажат дека барем еден од нивните предци бил или е Бугарин.

Бугарија годишно во просек издава околу 10.000 бугарски документи на странци.

Веќе долго време во земјата се води расправа за критериумите за докажување бугарско потекло.

Некогаш за тоа било доволно да се даде изјава, но од 1 мај минатата година Софија бара документи што го докажуваат бугарското потекло на родителите или на некој од бабите или дедовците на подносителите на барањата.

Службата што ги издава потврдите е блиска со националистичките партии што сега се во владејачката коалиција на конзервативниот премиер Бојко Борисов, објавија бугарските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.