Неофицијално ваква одлука донела владата на денешната седница. Извори за Скопје Инфо брифираат дека во текот на денот се водела жестока дискусија околу оваа одлука. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јуни, 2020 16:43

Нема враќање на полицискиот час!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Нема да се воведе повторно полициски час и граѓаните ќе мора да користат заштитни маски кога се движат на отворен простор, објавува Скопје инфо.мк

Неофицијално ваква одлука донела владата на денешната седница.
Извори за Скопје Инфо брифираат дека во текот на денот се водела жестока дискусија околу оваа одлука. 

Во текот на вчерашниот ден во јавноста беше објавено дека Комисијата за заразни болести до владата препорачала полицискиот час да трае од 22 до 05 часот, но денешните информации говорат дека Владата оваа препорака ја одбила. 

На 21 март владата ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата.

Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија напрајвија детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.