Марк е многу активен на социјалните мрежи и често објавува фотографии па сега реши да се присети на младоста и објави фотографија стара 36 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 11:31

Нема да верувате дека ова е шеф Марк- погледнете како изгледал пред 36 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото сител.мк

Марк де Јонг важи за миленик на публиката кога станува збор за готвењето, со француски шмек. Тој и е добро познат на публиката по кулинарското шоу Брза Кујна кое се емитува секој работен ден на телевизија Сител.

Шеф Марк објави фотографија стара 36 години и покажа како изгледал во младоста

Марк е многу активен на социјалните мрежи и често објавува фотографии па сега реши да се присети на младоста и објави фотографија стара 36 години.

На фотографијата е Марк со неговата препознатлива насмевка, облечен во бела кошула која мора да признаеме дека одлично му прилега во комбинација со црна вратоврска. Марк на фотографијата е многу послаб отколку сега па дури е непрепознатлив.

Инаку за оние кои не знаат шеф Марк де Јонг има македонско потекло. Неговото семејство живеело во Скопје но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.

Интересна е приказната за доаѓањето на Марк во Македонија. Тој во неколку наврати ја раскажа својата приказна и вели дека дошол тука поради аманетот кој му го оставила неговата баба. Таа пред да почине го замолила барем еднаш да дојде во посета на земјата од каде потекнува неговата мајка.

„Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан„…, раскажува Марк за Сител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.