Бараат укинување на давачките за увоз на свежо месо, но од Влада не добиле позитивен одговор на ова барање.

Објавил: Мате Парлоф | 12 јануари, 2023 5:49

Нема да има дополнителни намалувања на цените на храната месецов

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Нови поефтинувања на месните производи до крајот на месецот не треба да се очекуваа, порачуваат дел од производителите. 

Откако добија субвенционира струја, од компанијата „Пекабеско“ велат дека цените на нивните месни преработки во просек поевтиниле за 8%, но струјата не е единствениот проблем со кој се соочуваат. Нафтата, суровините, зголемените плати за работниците дополнително „притискаат“ за цените на крајниот производ да растат.

Бараат укинување на давачките за увоз на свежо месо, но од Влада не добиле позитивен одговор на ова барање.

„Разговаравме, со Владата велат во овој момент не сме во можност. Не можеме и пари за струја да даваме и пари за ова и пари за она. Еден е џебот. Сега за сега ќе почекаме. / Месото скоро 40, 50% поскапе. Репроматеријалите, комуна, ако не спакуваме во картон ние не можеме да продаваме, а немаме друг добавувач. Така да тоа е нашиот оптимус, сега, ако се пружи простор ќе намалиме дополнително.“ -Слободан Кутревски, сопственик на „Пекабеско“

Во посета на компанијата беа премиерот Ковачевски и министрите Николовски и Бектеши. Министерот за економија вели дека се разгледуваат сите опции како основните производи да поевтинат. Оценува дека веќе има стабилизирање на цените.

„Ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цени пред една, две години, туку на цени од септември октомври до од 7 до 13%. Веќе има одредени намалување, правиме мерки за производителите да можат да ги намалат цените.“ истакна Крешник Бектеши, министер за економија

Откако фирмите добија субвенционирана струја, на терен одредени намалување на цените има, но минимални. Дека има благ пад на инфлацијата во последните два месеци од годината, пресмета и статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...