Маратонското рочиште за предметот ТНТ на СЈО, во кое на прашањата на адвокатите од 12 часот со паузи одговараше обвинетиот Миле Јанакиески, заврши доцна синоќа

Објавил: Македонка Димкин | 21 декември, 2019 11:12

НЕМА ЕУ, НЕМА ЗДРАВСТВО ЗА СИТЕ, НЕМА ПРАВДА, ама Миле мора да се суди!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Судското рочиште почна со натегање меѓу судијата Огнен Ставрев и адвокатите назначени по службена должност за времето потребно за увид во доказите и продолжи со испитување на Јанакиески, кое со паузи траеше повеќе од осум часа.

Јанакиески говореше за односот со семејството на бизнисменот Фијат Цаноски, за процедурите за издвањње и неиздавање одобренија за градење и локациски услови, за прислушуваните телефонски разговори…

В понеделик се откажани сите други рочишта во кои суди овој судечки состав и во 9:30 часот продолжува судењето за ТНТ. Прашања на Јанакиески ќе треба да му поставува обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми.

На една од поротничките во советот на 24 декември, односно во вторник, ѝ истекува мандатот, има наполнето 60 години. Доколку дотогаш не биде донесена пресуда, предметот по кој се постапува две години, ќе мора да почне одново.

Во предметот ТНТ, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.