Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2020 18:52

Нема крај: Денеска 76 нови заболени од Ковид-19 во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 52
– Куманово 2
– Штип 1
– Тетово 14
– Велес 2
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

– Скопје 12
– Куманово 2
– Тетово 11
– Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Се извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести