Многу земјотреси и ова утро и во текот на ноќта, по разорниот потрес во Албанија од 6.4 степени по Рихтер кој однесе животи, остави 650 лица повредени и многу материјални штети кога цели објекти беа разрушени.

Објавил: Весна Петровска | 29 ноември, 2019 8:52

НЕМА МИР ЗА ГРАЃАНИТЕ: Многу земјотреси во Албанија – Се тресе и Грција

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нова серија земјотреси на албанскотот тло, граѓаните не  можат да се опорават од шоковите кои екојдневно ги доживуваат.

Многу земјотреси и ова утро и во текот на ноќта, по разорниот потрес во Албанија од 6.4 степени по Рихтер кој однесе животи, остави 650 лица повредени и многу материјални штети кога цели објекти беа разрушени.

По силниот потрес кој се почувствува и во Македонија, следеше уште еден силен од 5.3 степени според Рихтер, почувствуван и на македонско тло, а вчера два земјотреса од 4.5 и 4.9 степени.

Во текот на ноќта во Албанија не престанаа потресите, па така имаше многу афтершокови од 2 и 3 степени според Рихтер.

И во Грција деновиве имаше силен потрес од 6 степени по Рихтер, а од вчера се тресе и Грција со помали потреси.

Забележани се потреси од 2 и 3 степени, последниот предмалку со јачина од 2.9 степени по Рихтеровата скала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.