Тоа ќе значи дека граѓаните на нашата земја ќе минат во карантин 58 часа!

Објавил: Владо Марин | 20 мај, 2020 13:02

НЕМА МРДАЊЕ: Карантин од 58 часа за продолжениот празничен викенд?!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Полициски час од сабота од 19 часот, до вторник до 05 часот. Ова ќе биде препораката на Комисијата за заразни болести која ќе ја испрати до Владата, дознава ТВ21.

Потоа Владата ќе одлучи дали ќе го прифати овој предлог или ќе го отфрли. Досега речиси сите предлози беа прифатени, а и владините функционери изјавуваа дека полицискиот час и сите мерки и препораки зависат токму од Комисијата.

Тоа ќе значи дека граѓаните на нашата земја ќе минат во карантин 58 часа.

Во понеделник е 24-ти мај денот на Кирил и Методиј, па со тоа добиваме споен викенд, однсоно понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Во понеделник е и големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Следен споен викенд е на 2- ри август , кога исто така понеделникот ќе биде неработен.

За сите граѓани на РМ

• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден.
• 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е
неработен ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести