Не станува збор за немање средства туку по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да ја потпише исплатата, па според Фокус, долговите се трупаат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 11:12

НЕМА НИТУ КОЈ ДА ГИ ПЛАТИ СМЕТКИТЕ- Исклучени телефоните и интернетот во СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителите на СЈО повеќе не уживаат никакви привилегии а доказ за тоа е што мобилните телефони им се исклучени. Како што дознава Фокус од вчера мобилните телефони на обвинителите и на останатите вработени во СЈО се исклучени во еден правец, односно можат само да примаат повици, а набрзо ќе им бидат исклучени и за дојдовни повици, додека во просториите на СЈО нема ни интернет. 

Како што пишува Фокус, исклучувањето следува поради неплатени сметки.

Катица Јанева вчера за прв пат беше на обвинителската клупа каде се изјасни како невина

Не станува збор за немање средства туку по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да ја потпише исплатата, па според Фокус, долговите се трупаат.

По нејзината оставка се уште нема назначено нејзини заменик но и во неизвесност е судбината на институцијата, па поради тоа нема решение како да се исплатат платите и да се подмират трошоците. Според законот овие надлежности на Јанева би можел да ги превзеде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јанева е осомничена за Рекет и се наоѓа во домашен притвор, а вчера беше за прв пат изведена на судење за случајот каде се изјасни за невина.

Таа негира вина за случајот и побара од судиите да не се плашат од Вилма Рускоска за изјавата дека ќе ги истресе од гаќи.

Инаку пред една недела Јавното обвинителство почна предистражна постапка во врска со високите надоместоци за доверливост кои достигнуваат до десетици илјади евра. Бонусите им биле исплатувани на обвинителите од замрзнатото Специјално јавно обвинителство.

За потсетување, Специјалното јавно обвинителство произлезе од пржинскиот договор, договор потпишан помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии за разрешување на политичката криза во Македонија. СЈО е формирано со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. На функцијата Специјален јавен обвинител, Советот на јавните обвинители на 15 септември 2015 година ја избрал Катица Јанева.

По предлог на Катица Јанева на 14 октомври 2015 година, од страна на Советот на јавни обвинители биле избрани јавните обвинители Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Дончев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Специјалното јавно обвинителство.

На 4 ноември 2015 година, по повторен предлог на Јавниот обвинител кој раководи со СЈО, од страна на Советот на јавни обвинители биле избрани јавните обвинители Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести