- Неработните денови завршуваат, но борбата против вирусот корона не е завршена - истакна Путин.

Објавил: Перо Милчин | 11 мај, 2020 18:46

НЕМА ПОВЕЌЕ ОДМАРАЊЕ: Путин ги враќа Русите на работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека режимот на неработни денови во Русија, воведен со цел да се потисне коронавирусот, ќе заврши утре. Обраќајќи се пред граѓаните, тој рече дека е усвоен нов пакет мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

– Неработните денови завршуваат, но борбата против вирусот корона не е завршена – истакна Путин.

– Сите преземени мерки овозможуваат постепено укинување на ограничувањата. Но, не во исто време, но чекор по чекор. Од 12 мај е потребно, кога е можно, да се обезбеди непречено функционирање на клучните гранки на економијата – енергетика, комуникации, земјоделство, индустрија и градежништво – рече претседателот, додавајќи дека мора да се почитуваат безбедносните мерки.

Тој додаде дека вирусот корона остави силни последици за многу гранки во индустријата и дека стандардот кај многу граѓани значително се намали.
Затоа беше донесен нов пакет мерки за поддршка на економијата и граѓаните, истакна Путин.

Како што рече тој, крајот на епидемијата на вирусот корона ќе биде бавен и потребно е да се почитуваат санитарните мерки.

Не смееме да дозволиме повторно да се зголеми бројот на пациенти, истакна рускиот лидер и додаде дека сите масовни манифестации ќе бидат забранети, како и досега. 

– Успеавме да спасиме илјадници животи во Русија – рече тој.

Според Путин, потенцијалната опасност лежи во бројот на заразени лица кои не се откриени. Тој истакна дека е неопходно ефикасно да се регистрираат скриени форми на вирусот.

Претседателот на Русија зборуваше и за бројот на тестови што се спроведуваат во Русија и додаде дека до средината на мај бројот на тестови ќе биде практично удвоен и ќе изнесува 300.000 на ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.