Таткото на Арбен и мајката на Пино неколку пати изјавија дека  дека станаа роднини по иста болка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2019 10:13

Нема помош од Заев за исчезнатите – премиерот ја пријавил мајката на Пино за вознемирување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашниот протест пред Собранието на Македонија бројни луѓе се собраа да им дадат поддршка на родителите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан. Инаку Пино и Арбен се исчeзнaти веќе подолг период, повеќе од три месеци,  а нивните роднини и пријатели протecтираат поради како што велат неажypноста на МВР во пронаоѓањето на нивните најблиски.

26-годишниот Пино мистериозно исчезна на 10 декември, откако излегол од дома со бел автомобил Шкода со регистарски таблици SK 1566 AP.

Таткото на Арбен и мајката на Пино неколку пати изјавија дека  дека станаа роднини по иста болка. Тие долго време трагаат по своите чеда, а вчера пред камерата на Инфомакс истакнаа дека воопшто не се задоволни од начинот на кој полицијата работи на нивните случаи.

На прашањето дали успеале да дојдат до премиерот Зоран Заев, кој можеби ќе може да помогне во случајот, тие едногласно одговорија дека контактирале со него.

Како што вели мајката на Пино, Маја Трпковска, таа контактирала со актуелниот премиер, но за жал за кратко време била приjaвена од страна на Зоран Заев во полициja за вознемирување.

Очигледно Заев излaжa и дека дневно одговара на преку 4 илјади пораки со оглед на тоа што луѓето кои се обидуваат да побараат помош од него тој ги пријавува во полициja.

-Контактирав, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.