Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група.

Објавил: admin@magazin | 3 јуни, 2021 6:39

Нема ракувања на свадбите, дозволено е музика и играње со безбедно растојание

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести.
Почнувајќи од вчера, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група.

Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

– Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;

– Се укинува забраната за групирање на јавен простор;

– Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;

– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;

– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина;

– Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести