Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 14:16

Ненадејно почина познатиот македонски режисер Златко Славенски !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Режисерот Златко Славенски вчера ненадејно почина, потврдуваат од Факултетот за драмски уметности, каде Славенски беше професор и шеф на катедрата за театарска режија.

Златко Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.

Како што известуваат медиумите на професорот Златко Славенски му се слошило за време на час со студентите. 
Режисерот со богатата кариера ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.
Во интервју за 1ТВ минатата година, тој говореше и на тема политика како сериозно занимање, политиката присутна во секоја куќа како облик на политиканство.

Тој изјави дека уметниците се наизглед најмногу навлезени во политиката, но всушност и другите професии се до гуша навлезени, само за да преживеат. Рече дека уметникот мора да има и некаква поинаква одговорност, бидејќи е… се вели дека е јавна личност.

Тоа е многу измешано кај теоретичарите, дали етиката и естетиката одат рака под рака, дали моралноста и убавото во уметноста треба да имаат знак равенство, говореше Славенски.

Беше сопруг на актерката Искра Ветерова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam