Ваков необичен пречек на демонстранти, веруваме дека до сега никој до сега не се осмелил да реализира.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2019 18:56

Необичен пречек за демонстрантите пред ТВ ПИНК, музика со ди-џеј, ладни пијалаци и ружи за дамите демонстранти!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вечерва демонстрациите во Белград ќе продолжат пред зградата на ТВ Пинк. Сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ спреми специјален пречек на опозицијата на чело со Бошко Обрадовиќ.

Ваков необичен пречек на демонстранти, веруваме дека до сега никој до сега не се осмелил да реализира.

Имено, зградата на ТВ Пинк накитена е со натписи „Стоп на насилството, само љубов„, се пушта музика, а пред телевизијата има и освежување вода и сокови, кои најверојатно се за демонстрантите.

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ за вечерашните демонстрации обезбеди ди-џеј, вода и сокови за демонстрантите.

Тука е и директорот и сопственикот на телевизијата. Организаторите најавија дека ќе ги започнат  со демонстранциите од пред владата на Република Србија во 18.00 часот, потоа ќе се упатат на улицата Кнез Милош, преку Булеварот војвода Путник, до зградата на телевизија Пинк.

Тука е и организаторот Бошко Обрадовиќ, Никола Јанковиќ, Марко Бастаќ, Борко Стефановиќ и Зоран Живковиќ.

Пред владата ќе се обрати и актерот и функционер на Демократската партија Бранислав Лечиќ, а пред телевизија Пинк ќе имаат можност да гледаат и дневник на слободна Србија, соопштија организаторите.

Пред неколку недели група демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград.
Според неофицијалните информации, прв во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ.
Полициска екипа специјалци брзо реагирала за да го спречи хаосот.

Агенцијата Бета јавуваше дека во РТС има и полицајци со опрема за растерување демонстрации. Вратата на зградата на српската државна телевизија беше искршена од страна на демонстрантите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести