„Веќе во јуни, само неколку денови после инаугурацијата, Бирлајн го нарачала БМВ-то“, рекле извори од владата за Ое.24.

Објавил: Весна Петровска | 4 ноември, 2019 13:59

Неодамна стана австриска канцеларка, па веднаш си порача автомобил од 150.000 евра, а Груевски овој потег го чини 2 години затвор

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Австрија правилата за политичарите се поинакви, таму секој функционер може слободно да се поднови со нов автомобил ако смета дека тој со веќе е функција не е доволно безбеден.

Бригит Бирлајн, австриската канцеларка, односно премиерка на владата во транзиција, си купи ново, 150.000 евра вредно БМВ 740 и привлече внимание во јавноста.

Новото државно возило има кожени седиѓта, панорамски кров и пракиране на далечинско управување.

„Веќе во јуни, само неколку денови после инаугурацијата, Бирлајн го нарачала БМВ-то“, рекле извори од владата за Ое.24.

Новиот автомобил ѝ бил предаден на канцеларката на 30. септември. Има посебна опрема и со сите додатоци чини 150.000 евра.

Портпаролката на канцеларката рекла дека набавката на сервисни возила се темели врз договорот на Сојузната агенција за набавка.

„Досегашното возило премина 60.000 километри и моравме да го замениме. Австрија плаќа закуп од 283,14 евра месечно“, објаснила таа и додала дека наведената скапа опрема била потребна, „поради зголемена безбедност и поради задоволување на потребите за долги релации“.

Техничката канцеларка веројатно ќе може да ужива во удобноста на возилото само два-три месеци. Новата канцеларка ќе го преземе со одобрение на следната сојузна влада.

Најверојатно само во Македонија се казнува доколку некој од политичарите сака да купи убав и безбеден автомобил за потребите на државата.

За потсетување, Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на 2 години затвор за примање награда за противзаконито влијание за случајот „Тенк“, односно за набавката на лускузниот мерцедес од речиси 600.000 евра. Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден за злоупотреба на службена положба на казна затвор од 6 години и 6 месеци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.