Бергузар Корел или Шехерезад, одржа приватен мини концерт за свои блиски пријатели во Zorlu центарот во Истанбул.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2019 19:03

Неодоливата „Шехерезад“му пееше на саканиот “Онур” „Can’t Take My Eyes Off You“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Прекрасната турска двојка, позната како „Шехерезад“ и „Онур“ од серијата „1001 ноќ“ или Азизе и Џевдет од актуелната серија „Далеку од дома“, направија вистински бум, со својата романтична изведба на песната „Can’t Take My Eyes Off You“. 

Имено Бергузар Корел или Шехерезад, одржа приватен мини концерт за свои блиски пријатели во Zorlu центарот во Истанбул. Со својата нова фризура и прекрасната креација Raisa Vanessa, која ја оцртува нејзината витка става, таа буквално ги остави без здив присутните.
Додека траеше нејзиниот мини концерт, таа на сцената го повика својот сакан, сопругот Халит Ергенч или познат по улогата на Онур од серијата 1001 ноќ и Џевдет од Далеку од Дома.

Парот заедно ја испеа „Can’t Take My Eyes Off You“ и покажаа како изгледа вистинската љубов.

Повеќе фотографии од парот може да најдете на Инстаграм профилот на актерката.

Бергузар Корел и Халит Ергенч

Бергузар Корел и Халит ЕргенчБергузар Корел и Халит ЕргенчБергузар Корел и Халит Ергенч

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.