Албанец со потекло од Македонија е терористот кој уби четири лица во Виена. Властите молчат но новинар на магазинот „Фалтер“ го откри идентитетот на терористот.

Објавил: Владо Марин | 3 ноември, 2020 10:48

НЕОФИЦИЈАЛНО: Српски КУРИР објавува дека Албанец со македонски корени е виенскиот терорист

Фото/Текст извор: ©курир.рс/Магазин.мк

Албанец со потекло од Македонија е терористот кој уби четири лица во Виена. Новинар на магазинот „Фалтер“ го откри идентитетот на терористот.

Како што претходно објави уредникот на австрискиот неделник „Фалтер“, Флоријан Кленк, се работи за Куртин С., кој е роден во Австрија во 2000 година, но неговите родители се Албанци со потекло од С. Македонија.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер утринава потврди дека убиениот терорист бил симпатизер на Исламската држава, без наведување на подетални информации околу идентитетот.

Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Неамер потврди дека напаѓачот кој беше убиен од полицијата при синоќешниот терористички напад во Виена имал потекло од Македонија.

Убиениот терорист на 22 април бил осуден на 22 месеци затвор бидејќи сакал да им се приклучи на борците на ИД во Сирија и на 5 декември во 2019 година бил условно пуштен на слобода.

Бројот на загинати цивили во пукањето што се случи во самиот центар на Виена порасна на четири, откако на повредите им подлегнала уште една жена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.