Тежок гаф на Владата, уште пред да биде реконструирана

Објавил: Узунов Бобан | 26 јуни, 2019 14:26

Непознавањето на Заев дека не може да биде и премиер и министер за финансии е голем гаф на целата Влада ! !

Фото/Текст извор: ©магазин

Магазин вчера пишуваше дека претседателот на Владата Зоран Заев не може да биде и министер за финансии бидејќи има судир на интереси утврден во Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Премиерот Зоран Заев на денешната 103. седница на Собранието, на која се расправа по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии по допис од Антикорупциската комисија испратен до Собранието. 


Поднесување на предлог до Собрание спротивно на закон, според кој би требало да едно исто лице, во конкретниот случај Зоран Заев да извршува две функции и премиер и министер во Владатабез да се консултираат правници, експерти па и институции е тежок гаф кој покажува непознавање на политичкиот систем и законите, на неговите советници и министри, дотоколку повеќе што министерката за правда Рената Дескоска е професор по уставно право. При ваков скандал, најмалку што треба е самиот мандатар Зоран Заев да превземе политичка одговорност и да размисли што го советувале неговите советници.


Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководам со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер, рече премиерот Заев.

Во член 44 став 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси постои изречна забрана за неспоивост на фунцкијата претседател на Владата на Република Македонија со министер или друга функции кои ги избира и именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа.

Радмила Шеќеринска вчера изјави дека не е ниту првпат, ниту последен пат премиер да извршува и министерска функција и вакви примери имало во Грција, а во моментот таков е  примерот со Нов Зеланд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести